Сепак, употребата на Александрополис, која првично требаше да се приватизира, се очекува да биде замрзната. Промената во намерата на грчките власти доаѓа по меѓусебниот договор за одбрана меѓу Грција и САД, кој предвидува делумна употреба на инфраструктурата на пристаништето од страна на американските сили.

Соединетите држави се заинтересирани за пристаништето Александрополис од енергетски и воени причини, особено по приватизацијата на пристанишната администрација во Солун. Тракиското пристаниште нуди пристап до море, пат, железница и воздух. Сместено е во точка што сега е директно поврзано со Егнација Одос – автопатот што поминува низ Северна Грција – и железничката пруга кон Солун и до границите со Турција и Бугарија. Исто така, близу е до Трансатлантскиот гасовод (ТАП) и трасата на Интерконекторот Грција-Бугарија (ИГБ), и двете ќе носат природен гас по завршувањето.

Неодамна е воведена железничка врска помеѓу новиот контејнерски терминал на пристаништето Александрополис и националната железничка мрежа, овозможувајќи поврзување со земјите од Балканот и Црното Море и обезбедување можност за комбиниран превоз (воз и брод).

Александрополис е, исто така, во центарот на плановите за увоз на американски LNG на Балканот преку планираната изградба на оф-шор гасоводот LNG за американски и грчки деловни интереси.

извор:локално.мк