skip to Main Content

Општина Гостивар почна да ги урива дивоградбите

Општина Гостивар почна да ги урива дивоградбите
  • 30.07.2018

Локалната самоуправа почна акција за уривање на бесправно изградени објекти на територијата на општина Гостивар.

Во наредниве две недели се очекува да бидат урнати уште шест објекти, за кои инвеститорите не ги обезбедиле потребните документи.

Од службата за информирање на општина Гостивар потврдија дека акцијата почнала со уривање на еден ѕид во населбата Питарница, изграден без соодветна дозвола и на локација на која е предвидена улица.

– Со уривањето на овој ѕид, во иднина ќе се овозможи слободно движење на возилата на тој дел од населбата Питарница. Општина Гостивар ќе продолжи со уривање на бесправните градби, како што се ѕидовите кои зафаќаат дел од улиците, доградби, како и станбени објекти кои се изградени бесправно, велат од општина Гостивар.

Од Секторот за урбанизам упатуваат апел до граѓаните да не градат без соодветна дозвола, бидејќи ќе се соочат со мерки.

Back To Top