skip to Main Content

Од полноќ поевтинуваат горивата

Од полноќ поевтинуваат горивата
  • 30.09.2019

После минатонеделното поскапување, регулаторната комисија за енергетика донесе одлука да ни ги поевтини горивата за еден денар. Така, од ноќеска среде ноќ за литар еуросупер БС-95 ќе плаќаме по 68,50 денари, за литар еуросупер БС-98 по 71, а за литар од еуродизелот Д-Е V по 63 денари.

До ова намалување на малопродажните цени на горивата кај нас во просек за 1,77% дојде по заслуга на намалувањето на референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со изминатиот седумдневен период – кај бензинот за 4,35%, а кај дизелот за 3,36%.

Можеби поевтинувањето ќе беше поголемо доларот да не поскапеше за 0,62%.

Back To Top