skip to Main Content

Николовски: Финансии за набавка на фотоволтаични колектори и водопоила во бачилата

Николовски: Финансии за набавка на фотоволтаични колектори и водопоила во бачилата
  • 28.02.2019

Со Програмата за рурален развој за годинава се предвидени средства за околу 50 фотоволтаични колектори кои ќе бидат распоредени во бачилата кои немаат електрична енергија. Воедно, обезбедена е и поддршка за водопоила за бачилата, информирал  министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски на денешната средба со сточари од општина Чашка и регионот.

Дополнително, во Програмата за финансиска поддршка за 2019 година е зголемена поддршката за произведено и предадено овчо млеко на 4,5 денари, соопшти МЗШВ.

Николовски им соопштил на сточарите дека Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Јавното претпријатије за пасишта ќе работат на измени на Законот за пасишта за да се овозможи склучување повеќегодишни договори за користење на пасиштата.

МЗШВ работи и на нов оглас за доделување земјоделско земјиште за сточарство, кој ќе биде кумулативен по број на грла. Досега, на огласот до три  хектари вкупно се потпишани 35 договори со вкупна земјоделска површина од 79 хектари, а на огласот над три хектари се потпишани 20 договори со вкупна земјоделска површина од 114 хектари.

Back To Top