skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Обвинителството го стави под лупа бегството на Груевски
1ТВ ја презеде медиумската лидерска позиција
Европските Зелени го обвинуваат Орбан дека се обидува да предизвика конфликт
Заев: Груевски е кукавица, категорично ги отфрлам сите шпекулации за каков било политички договор со него
Груевски илегално влегол во Албанија, а со пасош излегол на границата со Црна Гора
Иванов одбива каква било инволвираност во врска со донесената судска одлука за Јанакиески
Заев-Борисов: Нашите две земји се пример за новата реалност на Балканот
1ТВ достапна на Тотал ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK

Николовски најави наскоро обесштетување од јулското невреме

Николовски најави наскоро обесштетување од јулското невреме
  • 14.09.2018

Владата води посебна грижа за тутунопроизводителите преку зголемени субвенции, а оштетените земјоделци од јулското невреме во најбрз можен законски рок ќе дознаат како ќе бидат обесштетени, изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски по денешната посета на Прилеп.

Николовски се сретна со земјоделците во Канатларци и во оштетените реони на Мало и Големо Коњари.

– Токму преку оваа значајна земјоделска гранка годишно обезбедуваме 100 милиони евра девизен прилив. Затоа Владата ја донесе историската и значајна одлука за зголемување на субвенциите. Го воведовме концептот и моделот на субвенционирање на три нивоа, за прва класа 80, за втора 70 и 60 денари за килограм за трета, четврта и за дополнителните класи. На тој начин дополнителни пет милиона евра е зголемувањето на субвенциите кои ги добија тутунопроизводителите, почнувајќи од оваа година. Навремено на тутунарите им беа исплатени 28 милиона евра, кога им се најпотребни на 26.000 семејства, изјави Николовски.

Оцени и дека последната реколта е историски највисока, а се постигна цена од 217 денари за килограм откупен тутун.

Според министерот, во процедура е новиот закон за тутун што ќе значи  административно олеснување за земјоделците.

Во врска со обесштетувањето од јулското невреме, Николовски информира дека Извештајот на прилепската комисија која ги процени штетите на околу три милона евра ќе стигне во меѓувладината комисија.

– Прилеп е исчистен, платени се сите штети за кои нема никаков проблем во 2018 година. Овде станува збор за постапка која е иницирана од општина Прилеп. Денеска е завршена постапката во општината, извештајот ќе стигне во меѓувладината комисија, по процените на Бирото за судски вештачења, владата ќе го определи процентот за исплата согласно со Законот за заштита и спасување и верувам, како што ја забрзавме постапката за исплата на штетите за 2017 година и ја завршивме, дека и овде станува збор за постапка во целост испочитувана со Законот. Нема неправилности, ниту нејаснотии, како што се случуваше во 2015 и 2016 година кои ги наследивме и сметам дека оваа работа брзо ќе биде завршена и граѓаните ќе бидат обештетени согласно со владините одлуки, рече министерот.

И во Прилепско потенцира дека за сите земјоделци е битно влегувањето во ЕУ кое ќе донесе голем пазар и повисоки откупни цени.

– ЕУ одделува 40 проценти од својот буџет токму за секторот земјоделство. Затоа, 30 септември е многу битен за тутунопроизводителите, за земјоделците, за сите граѓани за да го направиме овој крупен исчекор со кој ќе дојдеме до повисоки откупни цени, до сигурен пласман, до зголемен извоз и до зголемен број вработувања во целиот сектор со влезот на Македонија на пазарот од 500 милиони граѓани на ЕУ, изјави министерот.

Тој ја посети и Подрачната единица на Министерството во Прилеп и се сретна со прилепскиот градоначалник Илија Јованоски.

Јованоски рече дека првпат локалната самоуправа ќе одвои средства за обесштетување на земјоделците од јулското невреме.

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top