skip to Main Content

Никола Поповски именуван за в.д. главен извршен директор на Развојната банка на Северна Македонија

Никола Поповски именуван за в.д. главен извршен директор на Развојната банка на Северна Македонија
  • 20.08.2019

Никола Поповски е именуван за нов вршител на должност – главен извршен директор на Развојната банка на Северна Македонија, стои во дописот од Банката до Македонската берза на хартии од вредност АД Скопје.

Одлуката е донесена на седница на Надзорниот одбор на Банката одржана на 13 август. Поповски доаѓа на местото на Кирил Колемишевски, кој на функцијата беше од 15 мај годинава.

Никола Поповски е универзитетски професор. Тој е поранешен министер за финансии, а од октовмри 2002 до ноември 2003 година беше и претседател на Собранието на РМ.

Back To Top