skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Почнува изработката на предлог амандманите за уставните измени
Туск: Еден голем чекор поблизу до местото кое ви припаѓа во нашата заедница
Бејли со честитки за македонскиот Парламент по синоќешното гласање за уставни измени
Курц: Ветар во грб за почеток на пристапни преговори на ЕУ со Северна Македонија следната година
Вајгл: Пратениците кои гласаа ги зашититија виталните интереси на граѓаните
Кукан: Добри вести од Македонија
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK

Невремето униште 5.000 хектари посеви во овчеполскиот регион

Невремето униште 5.000 хектари посеви во овчеполскиот регион
  • 14.06.2018

Силниот град и невремето што вчера попладне го зафати овчеполскиот регион уништи 5.000 хектари земјоделски посеви.

Земјоделецот Јонче Досевски од месната заедница на село Црнилиште во општина Свети Николе вели дека според првичните проценки во овчеполскиот регион уништени се 5.000 хектари земјоделски посеви со житните култури, лозови насади, тутум и бостан.

Според она што утринава го имаат констастирано земјоделците на своите посеви уништени се околку 90 отсто од житните култури.

Во тек е жетвата на јачменот, но од она што го уништил градот и невремето оваа година, како што посочуваат земјоделците, во амбарите нема ништо да складираат.

Уништени се исто така и 90 отсто од лозовите насади, а според земјоделците тутунот е набиен во земја, како и бостанот.

Градоначалникот на Свети Николе, Сашо Велков од утринава е на терен и вели дека земјоделците имаат доживеано голема елементарна непогода.

Тој најави дека во текот на денот на увид ќе пристигнат и екипи од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, а во рамки на ингеренциите на Општина Свети Николе ќе се преземат сите мерки за формирање комисии за утвдување на штетите.

Невремето вчера во светиниколскиот регион се случи околу 17 часот, траело од 30 до 45 минути, а било проследено со силен град и ветар.

Во светиниколското село Црнилиште половина од куќите немаат струја затоа што има паднато повеќе дрвја и електричлни столбови.

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top