skip to Main Content

На 100 Срби има 122 корисници на мобилна телефонија

На 100 Срби има 122 корисници на мобилна телефонија
  • 05.09.2018

Бројот на корисници на мобилни мрежи во Србија се уште го надминува вкупниот број на жители, односно на 100 жители во 2017 година имало 122 корисници на мобилна телефонија.

Овој број изнесувал 122 корисници во 2016 година, соопшти Регулаторната агенција за електронски комуникации и поштенски услуги на Србија (РАТЕЛ).

Истражувањата покажуваат дека во 2017 се разговарало повеќе од претходно, но се испраќале и помалку пораки преку мобилен телефон. Во просек, секој корисник преку мобилниот телефон дневно разговарал околу четири минути и 58 секунди и испраќал 2,2 пораки.

Вкупните приходи во пазарот на телекомуникации во Србија минатата година изнесувале 191,2 милијарди динари, што е околу еден процент повеќе во однос на една година претходно (едно евро изнесува 118,9 динари).

Најголем дел во вупните приходи, како и во претходните години, остварен е од услуги во мобилната телефонија, и тој изнесува 58,5 проценти од вкупните приходи (111,85 милијарди динари).

Се наведува дека се зголемени и вкупните инвестиции во секторот на електронските комуникации. Во 2017 година изнесувале 32,8 милијарди динари, што е за 1,6 процент повеќе од претходната година.

Најголеми инвестиции имало во мобилната телефонија (13,5 милијарди динари) и во фиксната мрежа (осум милијарди), што изнесува 65,58 проценти од вкупните инвестиции во 2017 година.

Back To Top