skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Атина бара исполнување на сите обврски од Договорот од Преспа
Пратеници бараат изборен модел со една изборна единица
Тимот на СЈО разрешен, предметите во рацете на Јовески
ВМРО-ДПМНЕ бара смена на Русковска – на шефовското место да седи професор

На регулаторна за енергетика и олесна – Осомничената вработена од денеска во пензија

На регулаторна за енергетика и олесна – Осомничената вработена од денеска во пензија
  • 11.06.2019

Членот на регулаторна комисија за енергетика, Светлана Јаневска осомничена за злоупотреба на должноста при доделување на лиценцата на БЕГ од денеска заминува во пензија. Ова го потврди првиот човек на регулаторната во изјава за 1ТВ. За испразнетото место Владата треба да предложи кандидат, а Собранието да одобри.

Кривичната се води против четири лица, сега веќе сите поранешни членови на регулаторната. На прашањето зошто актуелниот состав не направи ревизија и преиспитување на одлуката, претседателот Марко Бислимовски вели дека прво треба да се појават компании кои ги исполнуваат условите за снабдување и дистрибуција на топлинска енергија, за потоа да ја преиспитаат одлуката. Вели дека регулаторната се грижи за сигурноста и квалитетот. Бислимовски верува дека неговите претходници ги почитувале законите и правилниците.

Од друга страна, акционерите во Топлификација тврдат дека регулаторната треба да ја понипти одлуката донесена во 2012 бидејќи БЕГ не ги исполнувал условите. Тие обвинуваат за организирано уништување на Топлификација.

Репутацијата на компанијата БЕГ во изминативе години се движеше во надолна линија, со оглед на фактот дека исклучените граѓани од парно секоја сабота протестираа против обврската да плаќаат нешто што не го користат. Компанијата БЕГ втурна голем број граѓани во маѓепсан круг на долгови и со тоа заработи голем број кривични пријави. Оштетените за своите права се борат и во Стразбур. Првиот човек на регулаторната се пофали со укинување на обврската да плаќаат исклучените, но неизвесно е дали компанијата ќе ги обесштети граѓаните. И додека регулаторната чека да се појават компании кои ги исполнуваат условите, доделувањето на лиценците на БЕГ се испитуваат од јавното обвинителство.

Кристина Атовска

Back To Top