skip to Main Content

На владина седница усвоена информација за регионалните бизнис центри

На владина седница усвоена информација за регионалните бизнис центри
  • 09.04.2019

На денешната владина седница е усвоена информацијата за спроведување на активностите за поддршка на приватниот сектор од страна на регионалните бизнис центри.

Во периодот што следува, како што соопшти владината прес- служба, Министерството за локална самоуправа во соработка со Швајцарската агенција за развој и соработка ќе треба да пристапи кон потпишување на новите анекс договори за финансиска поддршка на регионалните бизнис центри.

На предлог на Министерството за локална самоуправа донесена е и одлука за доделување средства за финансирање проекти за развој на планските региони за 2019 година во вкупен износ од 288.746.849,00 денари.

Министрите ја усвоиле и Информацијата за потпишување на акциски план за соработка во областа на земјоделството со Народна Република Кина за периодот 2020-2022, кој се очекува да биде ратификуван на претстојниот Самит на шефови на држави и влади со НР Кина во рамки на иницијативата 16+1 што ќе се одржи во Дубровник, Хрватска.

На денешната седница е одобрено Министерството за здравство да ја започне постапката за доделување на повеќегодишен договор за јавна набавка за втората фаза од реконструкцијата на Општата болница во Кичево, во вкупна вредност од 298.000.000 денари без ДДВ, со тригодишна динамика на исплата на утврдените средства.

Back To Top