skip to Main Content

Над милијарда и 648 милиони денари буџетот на општина Куманово за 2019 година

Над милијарда и 648 милиони денари буџетот на општина Куманово за 2019 година
  • 27.12.2018

Буџетот на општина Куманово наредната година ќе изнесува 1.648.130.049 денари, соопшти денеска раководителката на секторот за финансии, Ирена Илиевска. Даночните приходи се очекуваат да достигнат 328 милиони денари, неданочните 84.800.000 денари, капиталните 21.200.000 денари, дотаците од државата 960 милиони денари, трансфери 106 милиони денари, донации 27.453.000 денари.

-Буџетот е донесен согласно измените на Законот за финансирање на единиците на локална самоуправа и Законот за финансиска поддршка на општините и ќе се концентрира на враќање на старите обврски што ги има општината. Тука се и програмите за јавните претпријатија, за дејностите, култура, спортот, социјалата, вели Илиевска.

Развојната програма на општина изнесува 17.800.000 денари во која се опфатени водоводна мрежа, реконструкција и изградба на улици и сообраќајна сигнализација.

Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски, вчера посочи дека Владата ќе издвои средства за финансирање на капитални инвестиции, потсетувајќи дека Владата веќе одвои 20 милиони денари за индустриската зона, најави канализациска мрежа во Тромеѓа, изградба на училишна спортска сала и додаде дека во минатото, општината сама со сопствени средства морала да инвестира во капитални проекти.

Тој кажа дека е многу важно што општината ќе се раздолжи и дека доколку се исполни програмата ќе се направи ребаланс на буџетот во јули и ќе се вметне реализација на повеќе проекти.

Опозицијата пак реагираше дека се скратени средствата за реализација на проекти по сите програми, меѓу кои и развојната.

Back To Top