skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Река прв поднесе кандидатура, до утре на полноќ и Пендаровски и Силјановска
За претседателските избори во странство ќе може да гласаат вкупно 1.782 граѓани во 32 ДКП-а
Во петок нов обид за договор за иднината на СЈО, опозицијата подготвува амандмани
Судењето за „Маџар Телеком“ продолжува на 27 март
Антикорупциска отвори предмети за Матка и за предизборни вработувања во АВМУ
Заев: Низ дијалог до решение за религиозниот објект во центарот на Охрид
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ

„Мудис“: Ќе ескалира трговската војна меѓу САД и Кина

„Мудис“: Ќе ескалира трговската војна меѓу САД и Кина
  • 08.11.2018

Рејтинг агенцијата „Мудис“ предупреди дека глобалниот економски раст во следните две години најверојатно ќе забави, додека трговската војна меѓу САД и Кина ќе ескалира.

„Очекуваме дека глобалниот раст ќе забави на ниво под три проценти во 2019 и 2020 година од проценетото ниво од 3,3 отсто минатата и тековната година“, се наведува во најновиот извештај на „Мудис“.

Во него се додава дека неодамна воведените тарифи на кинеска стока вредна 200 милијарди долари веројатно ќе бидат зголемени на 25 отсто во јануари следната година од нивното сегашно ниво од 10 проценти.

„Во обете земји вкупното директно макро влијание на растот ќе може да се решава. Меѓутоа, сегашната тензија веројатно ќе се проширува меѓу двете најголеми економии во светот, што е можно да има широко распространети негативни импликации, кои ќе ги подриваат инвестициите“, се наведува во извештајот на „Мудис“.

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top