skip to Main Content

МојДДВ го заокружи првото тримесечје со поврат кај граѓаните од 3,028,000 ЕУР

МојДДВ го заокружи првото тримесечје со поврат кај граѓаните од 3,028,000 ЕУР
  • 01.10.2019

Управата за јавни приходи известува дека вчера 30.09.2019 (понеделник) заврши првото тримесечје од реализацијата на мерката поврат на 15 % од пресметаниот ДДВ којашто се спроведува согласно Законот за враќање на дел од ДДВ на физичките лица.

Заклучно со 30.09.2019 година:

Скенирани се 22,670,713 фискални сметки, а остварен е промет од 11,423,978,620 ден
Вкупен ДДВ 1,241,434,628 ден
Повратот на 15 % 186,215,194 ден

УЈП ги известува граѓаните дека согласно Законот, средствата од повратот остварен во месеците јули, август и септември 2019 година ќе им бидат исплатени на нивните трансакциски сметки до крајот на декември 2019 година.

Следните исплати ќе следуваат во:
Февруари за месеците октомври, ноември и декември
Април за месеците јануари, февруари и март
Август за месеците април, мај и јуни
Ноември за месеците јули, август и септември

Податоците покажуваат дека мерката ги исполнува целите за кои е наменета:
Ги враќа парите кај граѓаните
Ја намалува неформалната економија
Денеска стратуваше второто тримесечје од #МојДДВ
Скенирајте ги Вашите фискални сметки и вратете 15 % од ДДВ на Вашите трансакциски сметки

Back To Top