Можат ли сите фирми да ја издржат најавената минимална плата од 14.500 денари?

По долги преговори и усогласувања, најпосле падна договор. Веќе од декември нема да има работник во земјава кој ќе зема плата пониска од 14.500 денари. Толку ќе изнесува новиот зголемен „минималец“, кој ќе биде повисок од претходниот за две илјади денари.
Владата, синдикатите, стопанските комори и работодавачите пружија рака за зголемување на минималната плата. Но дали фирмите ќе можат да го издржат поголемиот финансиски товар, ќе мора ли некои да стават клуч на врата?
Експертската јавност веќе реагира, препорачуваат да не се избрзува. Институтот Finance Think, пак, како што велат оттаму, и натаму опстојува на ставот дека нивото на минимална плата што е конзистентно со тековната продуктивност во економијата, се движи до 13.500 денари. До ваков наод дошле во нивната Студија, во која е направена квантитативна симулација, како и квалитативна проценка врз основа на длабински интерјуа со засегнати работодавачи, пренесува фактор.мк.
Целиот текст прочитајте го тука
1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.