skip to Main Content

ММФ ја рангира стапката на раст на македонската економијата на 3,2 отсто

ММФ ја рангира стапката на раст на македонската економијата на 3,2 отсто
  • 17.10.2019

Меѓународниот монетарен фонд во најновиот изештај ја ревидира стапката на раст за македонската економија годинава од три во априлската прогноза на 3,2 проценти.

За наредната година ММФ предвидува раст од 3,4 отсто, а до 2024 година 3,5 отсто, пренесува локално.мк.

Од земјите во регинот годинава најголем раст се прогнозира во Косово од 4,2 отсто, 3,5 отсто Србија, три отсто Црна Гора, Албанија и Хрватска.

За наредната година се предвидува раст од четири отсто во Косово и Албанија, 3,5 во Србија, 2,7 во Хрватска, 2,5 во Црна Гора.

До 2024 годинаво во регионот растот ќе достигне до четири отсто во  Србија, Албанија и Косово, БиХ три отсто, Црна Гора 2,9 и Хрватска два отсто.

ММФ ја намали прогнозата за растот на светската економија на три отсто, што е 0,2 процентни поени пониска од последната априлска прогноза

Back To Top