skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
ДКСК: Заев не може да биде премиер и министер за финансии
Заев: Го повлекувам предлогот да бидам и министер за финансии, иако уставот и законите го дозволуваат тоа
Атанасов: Сакав да бидам министер, бидејќи во образованието се прави малку
Весел Мемеди ќе поднесе оставка од функцијата потпретседател на Собранието
Шекеринска: Северна Македонија ќе учествува на сите сензитивни дискусии во НАТО
Димитров: Бугарија и Македонија ќе најдат начин низ пријателство и почит да го решат прашањето за Гоце Делчев
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

ММФ наесен со нова регионална канцеларија за Северна Македонија, Албанија, Косово и Црна Гора

ММФ наесен со нова регионална канцеларија за Северна Македонија, Албанија, Косово и Црна Гора
  • 14.06.2019

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ќе отвори нова регионална канцеларија на резидентен претставник за зајакнување на односите со Албанија, Косово, Црна Гора иРепублика Северна Македонија. Со седиште во Виена, новата канцеларија ќе помогне во одржувањето на блиски релации со четирите земји, како и со донаторите, меѓународните институции, вклучувајќи ја и Светска банка и австриската Влада, која е важен трговски и развоен партнер на регионот на Западен Балкан.

Новата канцеларија ќе биде раководена од Стефани Ебле, која во моментов е шеф на мисијата на ММФ за Косово. Ебле претходно работела на Украина, Грција, Србија и Босна и Херцеговина. Таа ќе ги надгледува локалните тимови во постојните канцеларии во Албанија, Косово и Северна Македонија, кои ќе продолжат со работа и понатаму, се наведува во соопштението на ММФ.

Србија и Босна и Херцеговина, кои имаат активни програми со ММФ, ќе останат со свои претставници.

-Оваа нова канцеларија во Виена ќе биде важен дел од нашите тековни односи со овие четири земји, бидејќи тие се стремат кон пристапување во Европската унија, изјави заменикот на главниот директор на ММФ, Тао Џанг, по состанокот со гувернерот на австриската Народна банка, Евалд Новотни и Харалд Веиглаин, генерален директор во Министерството за финансии, во Виена.

Тој додаде дека поставувањето на канцеларијата како регионална е финансиски оправдано и му помага на Фондот да биде блиску до неговите членки во регионот и водечките развојни партнери.

Канцеларијата ќе започне со работа на есен, а точниот датум дополнително ќе биде објавен.

Back To Top