skip to Main Content

Мичел, Ципрас, Верхофштат и Шулц гости на „Economist Events“ – Скопје домаќин

Мичел, Ципрас, Верхофштат и Шулц гости на „Economist Events“ – Скопје домаќин
  • 28.09.2019

На 1 октомври, Скопје ќе биде домаќин на еден од најпрестижните светски настани – Economist Events во организација на The Economist .The Economist е најпознатиот неделен економски магазин кој има милионски тираж а основан е во далечната 1843 година.

Самитот во Скопје доаѓа во пресрет на се поизвесната одлука за доделување на датум за почеток на преговори за Северна Македонија и почеток на нова ера во евроинтеграциските процеси на Западен Балкан.

Оваа година е клучна затоа што станува збор за уникатна ситуација со оглед на очекуваниот Брегзит, нов состав на Европската комисија и Европскиот парламент, но и трговските војни на Соединетите Американски Држави и поместувањата на глобалната геополитичка мапа.

Во вакви услови југоисточните земји од Европа се обидуваат да имплементираат сериозни социјални и економски реформи со цел да се приближат до побогатите земји. Северна Македонија изминатава година даде нова надеж дека регионалните конфликти може да се решат и економијата да се придвижува напред. Во овој контекст Самитот на The Economist односно Economist Events ќе биде под насловот: „Зајакнување на моментумот за европска интеграција“.

Настанот е од исклучителна важност за Република Северна Македонија, бидејќи е прв ваков светски настан кој се оддржува во нашата држава и прв настан на Економист во Северна Македонија.

Се очекуваат околу 450 гости и новинари да го посетат настанот во Хилтон, од кои, голем број ќе бидат странски бизнисмени, политичари и менаџери на компании важни за регионалната амбиција за евроатлантски интеграции.

Меѓу гостите и панелистите се и поранешниот премиер на Грција Алексис Ципрас, Гај Верхофштат, поранешен Премиер на Белгија и актуелен Европратеник, Мартин Шулц поранешен Претседател на Европскиот парламент и помошникот американски државен секретар за Европа и Евроазија – Вес Мичел.

извор:локално.мк

Back To Top