skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
1ТВ: ММА манипулира дека Основен суд – Скопје 2 и досудил оштета на 1ТВ
Могерини: Северна Македонија и Албанија во јуни треба да ги почнат преговорите со ЕУ
Репортери без граници: Северна Македонија останува на 95-то место според индексот за слобода на медиумите
Неформален состанок на генералните секретари за европски прашања на Грција и Северна Македонија
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ

МЖ Инфраструктура: Долгот врз основа на ДДВ е преземен од МЖ Транспорт кој го сервисира месечно

МЖ Инфраструктура: Долгот врз основа на ДДВ е преземен од МЖ Транспорт кој го сервисира месечно
  • 11.02.2019

Причина за даночниот долг врз основа на ДДВ на ЈП МЖ Инфраструктура кон Управата за јавни приходи (УЈП) е неможноста на МЖ Транспорт ад Скопје редовно да ги сервисира долговите врз основа на издадени фактури за надомест за пристап кон железничката инфраструктура, кој на 31 јануари годинава изнесува 143 милиони денари, т.е. 2,3 милиони евра.

Тоа го соопшти денеска ЈП МЖ Инфраструктура во објаснување на причините поради кои фигурира на листата на должници врз основа на ДДВ на Управата за јавни приходи.

Заради извршениот промет кон МЖ Транспорт АД Скопје, стои во соопштението, ЈП МЖ Инфраструктура е должен да плати ДДВ врз база на издадените фактури. Со оглед на тоа што МЖ Транспорт не ги плаќа редовно и целосно фактурите, нормално е дека и ЈП МЖ Инфраструктура не е во можност да ја плаќа редовно и целосно обврската за даночен долг врз основа на ДДВ кон УЈП.

– За таа цел помеѓу ЈП МЖ Инфраструктура и МЖ Транспорт АД Скопје е склучен Договор за преземање на даночниот долг врз основа на ДДВ, а согласно со член 443 од Законот за облигациски односи со кој МЖ Транспорт како преземач на долгот врз основа на ДДВ на ЈП МЖ Инфраструктура ќе ѝ го исплатува даночниот долг кон УЈП континуирано и сукцесивно од нивните месечни побарување врз основа на повеќе платен ДДВ. Тоа значи дека даночниот долг врз основа на ДДВ  на ЈП МЖ Инфраструктура согласно со овој договор е преземен од страна на МЖ Транспорт кои континуирано и месечно го намируваат, појаснуваат од ЈП МЖ Транспорт Инфраструктура.

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top