skip to Main Content

Македонија по нето-платата речиси на дното на Европа

Македонија по нето-платата речиси на дното на Европа
  • 04.01.2019

Ниските плати Македонија ја рангираат на непопуларни места кога се во прашање листи за примања. Пониски просечни нето плати има само во Албанија, Косово, Молдавија и уште некои држави.

Според објавените податоци највисоки нето плата во Европа се исплаќаат во: Швајцарија (4.370 евра),Исланд (3.568), Норвешка (3.309) кои не се членки на Европската унија. Во рамки на Унијата највисока просечна нето плата се исплаќа во  Данска (3.270 евра), следат Луксембург (3.159 евра) и Шведска(2.570 евра).

Листата на просечната нето плата во Европската унија изгледа вака:

 

Back To Top