skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Алтернатива е новото име на партијата на Африм Гаши – Беса останува на Касами
Могерини: ЕУ ќе го поздрави историскиот успех на Скопје и Атина
Бугарија в среда ќе го ратификува Протоколот за НАТО
Северна Македонија денеска на агендата на министрите за надворешни на ЕУ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ

Лагард: Можна е глобална економска бура

Лагард: Можна е глобална економска бура
  • 11.02.2019

Директорката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристин Лагард предупреди дека постои опасност од „економска бура“ во светот, од причини што растот на глобалната економија е помал од очекувањата.

– Проблемот е во тоа што гледаме дека економијата расте многу побавно отколку што очекувавме, изјави Лагард.

ММФ минатиот месец ја намали прогнозата за растот на глобалната економија од претходно предвидените 3,7 на 3,5 отсто.

Според Лагард, постојат „четири облаци“, кои се главни фактори што придонесуваат за успорување на растот на глобалната економија и кои можат да доведат до „економска бура“.

– Меѓу причините се трговските тензии и воведувањето санкции, финансиските проблеми, неизвесноста околу Брегзитот и забавувањето на кинеската економија, изјави Лагард.

Трговските тензии, главно предизвикани од царинскиот спор меѓу Кина и САД, според Лагард, веќе имаат глобално влијание.

Лагард потенцира дека дополнителни ризици претставуваат и се поголемите трошоци за кредитирање на владите, компаниите и домаќинствата.

– Кога има премногу облаци, потребен е само еден удар на гром за да започне бура, заклучи Лагард.

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top