skip to Main Content

Кристалина Георгиева и официјално директор на ММФ

Кристалина Георгиева и официјално директор на ММФ
  • 26.09.2019

Управниот одбор на Меѓународниот монетарен фонд ја одобри Кристалина Георгиева за извршен директор на таа институција, откако на сослушувањето таа ги убеди дека е соодветна за позицијата.

Извршниот одбор на ММФ ја избра за следен Управен директор на ММФ – 12-ти по ред откако Фондот е создаден во 1944 година – за петгодишен мандат со почеток на 1 октомври.

– Огромна е одговорноста да се биде на чело на ММФ во време кога глобалниот економски раст продолжува да биде фрустрирачки, трговските тензии продолжуваат и долговите се на историски високо ниво. Наш непосреден приоритет е да им помогнеме на земјите да го минимизираат ризикот од кризи и да бидат подготвени да се справат со кризите. Притоа,  не смееме да заборавиме на нашата долгорочна цел – поддршка на стабилни монетарни, фискални и структурни политики за градење посилни економии и подобрување на животот на луѓето. Тоа исто така значи и решавање на прашања како што се нееднаквост, климатски ризици и брза технолошка промена, изјави Георгиева.

Бугарката Георгиева (65) досега беше извршна директорка на Светска банка, а на чело на ММФ доаѓа на местото на Кристин Лагард, која поднесе оставка во јули откако лидерите на ЕУ ја избраа за претседател на Европската централна банка.

Back To Top