skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
МВР: Одделенијата за управни работи ќе работат за викендите кога ќе се гласа за избор на претседател
Делегација на ПССЕ ќе го набљудува спроведувањето на претседателските избори
Бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачкото право
Почнува теренската вакцинација во основните и средните училишта
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ

Кинескиот извоз силно расте и покрај американските царини

Кинескиот извоз силно расте и покрај американските царини
  • 08.11.2018

Извозот на Кина во октомври се зголеми многу повеќе отколку што се очекуваше, особено во САД нивни најголем пазар, што е последица на зголемени порачки од САД и покрај можните нови увозни царини.

Кинескиот извоз во октомври се зголеми за 15,6 отсто во однос на истиот месец лани, покажуваат податоци објавени денеска.

Тоа е побрз раст во однос на септември од 14,5 отсто.

Растот на увозот во октомври е 21,4 отсто од 14,3 регистриран во септември.

Октомври беше првиот месец откако најновите американски царини за кинески производи стапија на сила на 24 септември.

Сепак, аналитичари предупредуваат на ризици од можен пад на побарувачка на кинески стоки во САД во почетокот на 2019 година и исчекуваат дали претседателите Доналд Трамп и Си Џинпинг ќе постигнат каков било напредок за трговски прашања кога ќе имаат состанок во крајот на овој месец.

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top