skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Обвинител врши увид на местото на железничка несреќа во Хиподром каде што во судир на воз и автомобил загина припадник на МВР
Пет дена за барање за амнестија, законот не важи за организаторите и насилниците на упадот во Собранието
Во Кривичен продолжува судењето за „Титаник“
Продолжува комисиската расправа за предлог амандманите на Уставот
Димитров во Брисел на средба на КОРЕПЕР
1ТВ достапна на Тотал ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK

И „регуларните“ занаетчии ќе преминат во сивиот сектор ако државата не ги зајакне инспекциите

И „регуларните“ занаетчии ќе преминат во сивиот сектор ако државата не ги зајакне инспекциите
  • 07.12.2018

Ако надлежните институции не преземат сериозни мерки, легалните бизниси ќе бидат приморани да преминат во т.н. сив сектор, предупредија денеска занаетчиите.

Тие на тркалезна маса во Скопје се пожалија дека поради се поизразената сива економија, нелојалната конкуренција се зголемува. Нивните колеги кои работат на „црно” ги спуштаат пазарните цени и ја преземаат работната сила.

-Сивата економија создава незадоволство во занаетчискиот сектор зашто нелегалните бизниси брзо растат и дејствуваат без никакви давачки, делуваат слободно без никакви контроли и надзори и претставуваат нелојална конкуренција на регистрирните занаетчии. Времето за подобрување на секторот полека одминува и доколку не се направат сериозни мерки за справување со сивата економија, дури и легално регистрираните бизниси ќе бидат приморани да се префрлат во сивиот сектор за да бидат конкурентни., укажаа занаетчиите.

На тркалезната маса „Спречување на сивата економија во занаетчискиот сектор“ присуствуваа фризери, козметичари, пекари, слаткари, металци, автомеханичари, оптичари, златари, каменоресци, поправка на компјутери, градежници, електромеханичари, сервисери на електрика, фотографи, чевлари и столари, како и претставници на Пазарниот и Трудовиот инспекторат.

Занаетчиите, меѓу другото, побараа поддршка од општините, координирано делување на инспекциските служби со асистенција на МВР за спречување на сивата економија, намалување на комунална такса, одобрување локации за градба, примена на Законот за забрана и спречување на нерегистрирана дејност, регистрација на неформални бизниси преку едношалтерски систем, зголемување на прагот за ДДВ од 16.000 евра на 35.000 евра како во Бугарија, Грција и Словенија.

Според нив, треба да се суфинансираат дефицитарните занаети во руралните средини и да се спроведе кампања за подигнување на свеста кај институциите и граѓаните за спречување на сивата економија.

Како што беше речено, неопходни се и измени на Законот за занаетчиство, можност за регистрација на дополнителна дејност од четири часа, измена на Законот за данокот на личен доход и можност да се добие паушално оданочување со еден или двајца вработени, како и зголемување на бројот паушално одданочени занаетчии со што ќе се намалат административните обврски и ќе создадат услови за формализација на нерегистрираните вршители на занаетчиска дејност.

Се бараат и помалку законски обврски, посебна одредба за глоби ако занаетчијата е физичко лице  и се разликува од ДОО, ДООЕЛ и трговец поединец, набавка на репроматеријали за легално регистрираните бизниси со намалена стапка на ДДВ.

– Идентификациски картички за занаетчиска дозвола на регистирани бизниси за препознавање од сивата економија од страна на граѓаните, детална анализа на оправданоста и укинување нефискални трошоци за занаетчиите (елаборати за заштита на животната средина, такси за фирма, означување на храна,хасап систем) со што ќе се растерети занаетчиството од админисративни обврски и финансиски трошоци, измена на Законот за данок на додадена вредност, намалување на казните за легалниот бизнис и едукативен пристап на инспекциските служби (најава на инспекциските контроли со листа што треба да се контролира), се заклучоците од дебатата.

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top