skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Се интензивираат кампањата и подготовките за референдумот на 30 септември
Иванов нема да гласа на референдумот
Селцас: Договорот од Преспа ќе помине и покрај национализмите од двете страни
Нова група американски волонтери пристигнува во Македонија
Протести во Германија пред посетата на Ердоган
Тереза ​​Меј: Британија ќе остане ладнокрвна во преговорите за Брегзит
Бенон: Ултрадесничарските патриоти се новата елита на Европа
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ ЌЕ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; BOOM

ИФЦ на СБ најавува поголема поддршка за малите и средни претпријатија

ИФЦ на СБ најавува поголема поддршка за малите и средни претпријатија
  • 14.09.2018

Премиерот Заев се сретна со делегација на Меѓународната финансиска групација (ИФЦ), дел од Светска банка, предводена од Вебке Шлумер, регионална директорка за Европа и Централна Азија и регионалниот директор за Централна и Југоисточна Европа, Томас Лубек.

Со соговорничката се согласиле дека иднината на Македонија, како идна членка на НАТО и ЕУ, на граѓаните и домашните компании им отвора можност да се претстават на пазарот каде има повеќе од 500 милиони потрошувачи.

На средбата се разговарало за потенцијалите на Република Македонија при што Шлумер искажала отворена поддршка на групацијата ИФЦ за интензивирање на финансирањето проекти во приватниот сектор и во подобрувањето на снабдувањето со електрична енергија, особено во полето на обновливите енергетски ресурси.

-Претставничката на ИФЦ, посебно се осврна на важноста на поддршката на приватниот сектор преку поврзување на странските директни инвестиции со домашните компании, на што премиерот Заев додаде дека Владата преку проекти е посветена на охрабрување на локалните компании, на младите луѓе, за имплементирање на нивните бизнис идеи со следење на модерните и иноваторските технологии, се додава во соопштението.

Премиерот Заев информирал дека Владата презема конкретни мерки за мотивирање во приватниот сектор, подобрување на конкурентноста со цел да бидат отворени нови, добро платени работни места, кои ќе ги задржат младите да работат во нивната татковина.

Директорката Шлумер, пак, потенцирала дека ИФЦ ги разгледува можностите и за поттикнување на развојот на микро, мали и средни претпријатија преку олеснет пристап до финансии, посочувајќи дека поддршката е во насока на трендот на подобрување на економијата во земјата и преку создавањето услови за нови пазари да се отворат перспективите не само на граѓаните на Македонија, туку и на регионот.

-Вашата поддршка ја цениме, ние создаваме услови за искористување на нашите потенцијали, ги поддржуваме домашните претпријатија и одржувајќи добрососедски односи сакаме заедно, со земјите од регионот да освојуваме нови пазари, подвлекол Заев на средбата, охрабрувајќи ги претставниците на Меѓународната финансиска групација, ИФЦ, активно да ја следат се поинтензивната регионална соработка помеѓу државите на Западен Балкан.

Тој потенцирал дека нивната поддршка би била од огромно значење во помагање на заедничкото настапување на регионот на европските и светските пазари.

Премиерот Заев на средбата искажал и задоволство поради нивното присуство пред историскиот момент за одржувањето на референдумот на 30 септември, кога, како што рекол, македонскиот народ ќе покаже единство и ќе ја донесе одлуката за напредок на земјата, со исполнување на евроатлантските интеграции.

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top