skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Бектеши – Азеведо: Северна Македонија е на вистински пат за отворена економија и економски раст
Неизвесна лидерската средба, Мицковски не гледа потреба да присуствува
Седница на собраниската Комисија за здравство
Земјотрес во Струмица, Валандово и околината
Пролонгирано заминувањето во затвор на Сеад Кочан, додека не се одлучи по неговото барање
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Искористеноста на европските средства за рурален развој достигнува 30 отсто

Искористеноста на европските средства за рурален развој достигнува 30 отсто
  • 11.07.2019

Вицепремиерот Бујар Османи како национален ИПАРД координатор заедно директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој Николче Бабовски, денеска беше во посета на компанијата Бесо интерком „Млин Полог“ во тетовско Желино, како пример на успешна реализација на апликација за добивање средства од ЕУ Инструментот за претпристапна помош во рурален развој (ИПАРД). Според претставниците на Владата, значително е зголемено искористувањето на средствата од ИПАРД.

– Наближуваме до 30 проценти искористеност од 80 милиони евра кои се предвидени во овој програмски период, со тоа што течат обработките на 1099 апликации кои се однесуваат на модернизирација на земјоделското стопанство и за мерка 65 апликации од кои 25 договори се склучени. Во тек е објавата за мерка 7 диверзификација на бизнис и рурален развој. Во првиот ИПАРД период беа искористени само 17 отсто од расположиви средства, изјави директорот на Агенцијата, Николче Бабовски.

Според последните податоци од Платежната агенција, само за првиот јавен оглас од ИПАРД 2 објавен во 2017 година се склучени 947 договори. Од нив 860 компании и земјоделци ги завршиле инвестициите и имаат доставено барања за поврат на вкупно 13,3 милиони евра. На 346 баратели веќе целосно им се исплатени вкупно 3,9 милиони евра, како прифатлива инвестиција.

-ИПАРД средставата може се перцепираат како апстрактни, но тоа се конкретни проекти што го подобруваат животот на луѓето, бизнисите и генерално економијата и БДП. За почит е кога луѓето наоѓаат креативни идеи и со напор и со искористување на ИПА средствата и преку апликации развиваат ваков семеен бизнис кој нема да значи само профит, оние ќе отворат нови работни места, ќе придонесат за БДП. ИПА средствата се средства на европските граѓани, преку нивните даноци кои решиле наместо во нивните економии да ги инвестираат кај нас. Основотно начело на европската идеја е солидарноста и средства рамномерно да се распределат и ние да бидеме подготвени за членство во ЕУ. Илјадници проекти се добиени и милиони евра кои одат во нашите бизнис и нови работни места и зголемување БДП, рече Османи.

Вкупната инвестиција во компанијата од Желино е во износ од 128 илјади евра, од кои 64 илјади евра се пари кои и се вратени преку ИПАРД програмата. Производството е комплетно модернизирано, набавена е нова механизација, машини и вага.

-Нашата компанија прв пат аплицираше за средства од ИПАРД. Процесот беше прецизен и веднаш по реализиција на инвестицијата ни ги вратија средствата, рече сопственикот Бестамин Алии.

-Самото производство тече во еден затворен систем и ги исполнува европските стандарди. Токму помошта од Европската унија е за достигнување на европските стандарди, рече директорот на Агенцијата, Бабовски.

Back To Top