skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Османи оптимист дека многу бргу ќе се најде решение за законот за ЈО
Заев: Секој предлог за законот за јавно обвинителство е вреден за внимание
ВМРО-ДПМНЕ достави предлог за законот за ЈО

Имаме најевтин алкохол во цела Европа

Имаме најевтин алкохол во цела Европа
  • 10.09.2019

Најскап алкохол меѓу сите 28 земји членки на Европска унија плаќаат жителите на Финска, додека најевтин на Бугарија и Романија, покажуваат податоците на Еуростат за 2018 година.

На ниво на цела Европа цената на жесток алкохол, вино и пиво е најниска во Северна Македонија и во Босна и Херцеговина, додека највисока во Исланд и Норвешка.

Според анализата на Еуростат, во 2018 година просечната цена на алкохолните пијалоци во ЕУ била повеќе од два пати поскапа во најскапите земји членки, споредено со цената во најевтините земји членки.

Кога цените во земјите се споредуваат со средната цена на алкохолните пијалоци во ЕУ со индекс на вредност од 100, резултатите покажуваат дека во 2018 гдоина цената на жесток алкохол, вино и пиво била највисока во Финска со индекс на цена од 182, по што селдат Ирска (177) и Шведска (152).

За споредба цената на алкохолните пијалоци во 2018 година биле најниски во Бугарија и Романија, двете сео индекс на цени од 74, по што следат Унгарија (77), Чешка (82) и Шпанија (84).

Во земјите од регионот најскап алкохол плаќаат жителите на Грција (132), Црна Гора (105) и Хрватска (100), додека најевтин алкохол има во нашата земја и Босна и Херцеговина (72), по што следат Србија (84), Словенија (92) и Албанија (99).

Back To Top