skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Јанева со полициска придружба замина за Гевгелија
Законски нејаснотии кој ќе управува со СЈО по приведувањето на Јанева
Судењето за „Монструм“ одложено за 5 септември
Се запали автубус на ЈСП во Ѓоче Петров
Косовското Собрание се самораспушти, се очекува датумот за избори
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Зорица Заева во Букурешт: Економското зајакнување е одговор на многу од прашањата со кои се соочуваат девојките и жените

Зорица Заева во Букурешт: Економското зајакнување е одговор на многу од прашањата со кои се соочуваат девојките и жените
  • 30.05.2019

На покана на романската премиерка Виорица Данчила, а во рамки на претседавањето на Романија со Советот на ЕУ, Зорица Заева учествуваше на конференција „Улогата на жените во модерното општество – помеѓу јакнење, лидерство и родовата дискриминација“ која се одржа во Букурешт.

Конференцијата имаше фокус на стратешките европски и меѓународни документи кои на краток и долг рок работат во насока на елиминација на родовата дискриминација и нееднаквост, но и на општествениот дискурс кој се движи во насока на подигнување на свеста за сите форми на насилство врз жената и овозможување на средина за еднаков развој и учество на жените во општеството, политиката и приватниот сектор.

Во своето обраќање, г-ѓа Заева говореше за статусот на жените во Република Северна Македонија, како и за заложбите кои Владата ги презема за намалување на насилството врз жените и девојките.

„Донесовме јасни и недвосмислени законски решенија со коишто се спречува насилството и се штитат жените жртви на насилство. Ја ратификувавме Конвенцијата на Советот на Европа за спречување и борба против насилството врз жените и домашното насилство, така наречената Истанбулска конвенција. Ги унапредуваме сите потребни услуги за поддршка и заштита на жените жртви на насилство. Кога жените губат – сите губиме“, истакна Зорица Заева на конференцијата во Букурешт.

Посебен акцент во своето обраќање, Заева стави на економското јакнење на жените во општеството.

„Девојките и жените имаат апсолутно еднакво право да напредуваат во нивните работни кариери и да бидат избирани на највисоки работни позиции. Нема никаква причина да биде поинаку. Намалувањето на родовиот јаз во платите, на макроекономско ниво, може да придонесе за поголем економски раст. Затоа треба да биде јасно: Економското зајакнување е одговорот на многу од прашањата со кои се соочуваат девојките и жените“, нагласи Зорица Заева на конференција „Улогата на жените во модерното општество – помеѓу јакнење, лидерство и родовата дискриминација“ во Букурешт.

Back To Top