skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
ЈО побара продолжување на притворот на Јанева за нови 30 дена
Калајџиев ќе биде предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за нов Јавен обвинител?
Алијанса за Албанците: Режимот ВМРО-ДУИ го монтираше, судовите на СДСМ-ДУИ пресудија, бараме меѓународна истрага за „Диво Насеље“
Македонија ги исполни сите услови – на ред е ЕУ

Зголемен бројот на работници во индустријата

Зголемен бројот на работници во индустријата
  • 02.05.2018

Бројот на работници во индустријата во март годинава бележи пораст за осум проценти во однос на март лани, додека во првите три месеци растот е 6,7 проценти во однос на првиот квартал лани.

Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење камен во март 2018 година, во однос на март 2017 година, бележи пораст од 0,9 отсто, во секторот Преработувачка индустрија пораст од 8,9 отсто, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација oпaѓање од 0,1 отсто.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во март 2018 година, во однос на март 2017 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 16 отсто, Капитални производи за 23,9 отсто, Tрајни производи за широка потрошувачка за еден отсто и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1,4 отсто, додека опаѓање бележи кај Енергија за 0,6 отсто.

Back To Top