skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
ЈО побара продолжување на притворот на Јанева за нови 30 дена
Калајџиев ќе биде предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за нов Јавен обвинител?
Алијанса за Албанците: Режимот ВМРО-ДУИ го монтираше, судовите на СДСМ-ДУИ пресудија, бараме меѓународна истрага за „Диво Насеље“
Македонија ги исполни сите услови – на ред е ЕУ

Заев: Терминалот на Ќафасан ќе ја олесни стоковната размена со Албанија

Заев: Терминалот на Ќафасан ќе ја олесни стоковната размена со Албанија
  • 29.03.2019

Премиерот Зоран Заев, министерот за економија Крешник Бектеши и директорот на Царинската управа Ѓоко Танасоски денеска направија увид во подготовките на новиот терминал на граничниот премин Ќафасан.

Проект, како што информира премиерот, опфаќа изградба на нов увозно – извозно царински терминал од 9,5 илјади метри квадратни, пристапни патишта, објекти за царинење и други инспекциски објекти, како и реконструкција на постојните објекти. Финансиран е од програмата ИПА и од Буџетот во износ од 1,48 милион евра.

– Овој нов терминал ќе придонесе за зголемување на пропусната моќ на преминот за стоковни пратки, за намалување на времето потребно за вршење на гранични формалности, значително ќе ја подобри инфраструктурата за примена на современи средства за инспекција. Со него ќе се забрза и олесни стоковната размена преку овој најфреквентен граничен премин кон Република Албанија, а истовремено ќе се олесни и забрза транспортот по должина на паневропскиот Коридор 8, истакна Заев.

Проектот за надградба на објектите за царинење и контрола на Граничниот премин за патен промет Ќафасан, додаде, е во тесна врска и со компјутерскиот систем: Системот за обработка на царински декларации и акцизни документи.

– Овој систем ќе го замени целосно досегашниот систем и ќе обезбеди безхартиени царинските постапки. Тоа ќе придонесе да се исполнат европските стандарди и да се создаде поефикасна и модерна царинска служба, подготвена да одговори на предизвиците на глобалната трговија. Ова е уште една потврда дека Република Северна Македонија посветено и сигурно чекори на вистинскиот пат, кон полноправно членство во НАТО и отпочнување на преговори за членство во ЕУ како наши стратешки цели кои ќе донесат траен мир и одржлива економска перспектива за граѓаните на нашата земја, рече Заев по извршениот увид.

Со изградбата на терминалот, според директорот на Царинската управа Танасоски, се овозможуваат услови за почеток на преговори со Република Албанија за отворање „ one stop shop“ и на овој граничен премин. Со тоа, смета дека значително ќе се намали времето за чекање на камионите што претставува и најголемиот трошок на економските оператори.

– Овој граничен премин претставува и пилот испостава за воведувањето на новиот систем за обработка на електронски декларации и акцизни документи што ќе претставува софтвер што ќе не внесе во Европската унија. Компатибилен е со ситемите на ЕУ и ќе претставува најнапреден софтвер во регионот, појасни Танасоски.

Back To Top