skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Катица Јанева ќе одлучува дали ќе ги изземе Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски од „Титаник 3“
Петнаесет-годишно момче се удави во Пчиња
Пожарот кај Пинтија ставен под контрола
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Завршија градежните активности за уредување на речното корито на Липковка

Завршија градежните активности за уредување на речното корито на Липковка
  • 26.09.2018

Завршија градежните активности за уредување на речното корито на Липковка,  со што се обезбеди заштита од поплави во центарот на Липково.

Проектот, што заврши денеска, е поддржан од УНДП која обезбеди 200.000 американски долари за проектот со кој се продолжи постојната регулација во Липково, за дополнителни 400 метри.

Министерот за животна средина и просторно планирање, Садула Дураки, постојаниот координатор на ОН и претставник на УНДП, Луиза Винтон и градоначалникот на Липково, Еркан Арифи оценија дека проектот успешно е завршен, а бенефит ќе имаат жителите на Липково.

– Станува збор за еден од многуте успешни проекти кои се резултат на плодната соработка што Министерството за животна средина и просторно планирање ја има со Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во областа на управувањето со водите и ризикот од поплави, изјави министерот Дураки.

Тој рече дека ваквите проекти се приоритет за министерството и најави дека ќе се реализираат и во идниот период, со оглед на ризиците од поплавите со кои се соочуваат бројни населени места во државата.

Постојниот претставник  на УНДП, Луиза Винтон истакна дека УНДП ја препознава потребата од воспоставување на систем за интегрирано управување со ризик од поплави и работи на спроведување на сеопфатни студии и планови и одделни проекти за ублажување на ризикот од поплави на територијата на цела држава

– Овој тип инфраструктурни проекти имаат важна улога во директното намалување на ризикот и јакнење на отпорноста. Сепак, обезбедувањето на долгорочна заштита зависи и од институционалното зајакнување и воведувањето на соодветни финансиски инструменти за превенција, изјави Винтон.

Градоначалникот на Липково, Еркан Арифи, посочи дека проектот ќе обезбеди соодветна заштита од поплави во овој дел од општината. Тој се заблагодари на поддршката на УНДП и Министерството и истакна дека ова е само еден од серијата на инфраструктурни проекти што во последниот период се реализираа на подрачјето наопштината.

Проектот е дел од заедничките напори на Министерството за животна средина и просторно планирање и УНДП, за  подобрување на состојбата во државата по однос на заштитата од поплавите во регионите под висок ризик

Back To Top