skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Груевски останува во Будимпешта
Шекеринска во Брисел: Билатерални средби со министри за одбрана на НАТО земји
Ексклузивно интервју со Бојан Јовановски – петок 21:00 во Отворено Студио 1
Презентација на втор мониторинг извештај за работата на Државното правобранителство- „Заедно во борба против корупција“
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

ЕУ се закани со 12 милијарди долари царини врз американски производи

ЕУ се закани со 12 милијарди долари царини врз американски производи
  • 17.04.2019

Трговската војна меѓу САД и ЕУ не стивнува целосно, па овој пат ЕУ се закани со царини поради американските субвенции за „Боинг“.

Европската комисија денеска го објави списокот на производи за кои е подготвена да воведе нови царини, како одговор на мерките на помош кои САД му ги дава на гигантот „Боинг“, кој е најголем конкурент на европскиот авиопроизводител „Ербас“.

Списокот на производи кои би можеле да бидат цел на царини од европска страна одат од кечапот до автомобилски делови, замрзнат лосос, видео игри или пак торби и чанти. ЕУ смета дека приходите од овие царини се еднакви на претрпената штета поради субвенциите за „Боинг“.

До 31 мај ќе се одржи јавна консултации со сите засегнати страни, по што ќе биде донесена одлука дали ќе стапат на сила овие европски контра – мерки.

Еврокомесарката за трговија Сесилија Малмстром порача дека ЕК е принудена на ваков чекор за да ги „одбрани еднаквите правила на игра“ во меѓународната трговија, но истакна дека ЕУ не сака ескалација на тензиите и останува отворена за дијалог.

Најавата на ЕУ доаѓа по онаа на американскиот претседател Доналд Трамп, кој исто така најави царини за европски производи поради субвенциите на Унијата за „Ербас“.
„Ербас“ и „Боинг“ со години водат трговски спор и се обвинуваат взаемно за нелегална државна помош.

Паралелно на ова, САД лани ги зголемија царините за увоз на челик и алуминиум, мерка која силно ги погоди европските производители. Брисел и Вашингтон се обидуваат да изнајдат излез од оваа криза, преку нов ограничен трговски договор.

Back To Top