skip to Main Content

ЕУ: Намалување на емисиите на CO2 од автомобилите за 37,5 отсто до 2030 година

ЕУ: Намалување на емисиите на CO2 од автомобилите за 37,5 отсто до 2030 година
  • 18.12.2018

Преговарачите на земјите на ЕУ и Европскиот парламент, по тешки преговори, се договорија до 2030 година да ги намалат емисиите на jаглероден диоксид на новите автомобили за 37,5 отсто, соопшти синоќа Европската комисија.

Тој политички компромис, кој уште треба да добие и службена потврда од министрите на ЕУ и Европскиот парламент, кој ќе одржи пленарна седница, доаѓа два дена по завршувањето на ЦОП 24  во Полска, на кој меѓународната заедница не успеа да се договори за новите амбиции во борба против климатските промени.

Спогодбата од Брисел е на половина пат меѓу ставот на земјите членки, кои се конзервативни, и Парламентот. Покрај тоа е построга од предлогот на ЕК.

Со месеци 28 членки на Унијата се поделени по прашањето за намалување на емисиите на CO2 од возилата, како дел од стратегијата за намалување на штетните гасови со ефект на стаклена градина за вкупно 40 отсто до 2030 година.

Германија, со најголем авто сектор во ЕУ со вредност од околу 423 милијарди евра предупреди на тешки цели, а ориентацијата кон повеќе електрични автомобили би можела да и наштети на германската индустрија.

Претставници на Европскиот парламент и земјите членки на ЕУ конечно вчера, по девет часа разговори, постигнаа компромис за намалување на jаглероден диоксид од новите автомобили за 37,5 отсто, а од комбињата за 31 отсто до 2030 година во споредба со 2021 година.

Договорена е и привремената цел од 15 отсто за двете категории на автомобили до 2015 година.

-Ова  е важен сигнал во нашата борба против климатските промени, изјави австриската сојузна министерка за одржливост и туризам Елизабет Коестингер, чија земја претседава со ЕУ.

Back To Top