skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Атина бара исполнување на сите обврски од Договорот од Преспа
Пратеници бараат изборен модел со една изборна единица
Тимот на СЈО разрешен, предметите во рацете на Јовески
ВМРО-ДПМНЕ бара смена на Русковска – на шефовското место да седи професор

ЕСМ ќе субвенционира замена на огревно дрво со инвертор

ЕСМ ќе субвенционира замена на огревно дрво со инвертор
  • 10.09.2019

АД Електрани на Северна Македонија целосно ќе субвенционира вградување на инвертор клима системи за загревање на домаќинствата како супституција на огревното дрво, но не повеќе од 60.000 денари, најави денеска директорот на АД ЕСМ Васко Ковачески.

-АД ЕСМ како профитабилна компанија доби обврска од Владата дел од средствата што ги има од минатата година како капитална добивка да ги вратиме од граѓаните кај граѓаните. Во најскоро време ќе добиеме заклучок со кој ќе бидеме обврзани како компанија да субенционираме во делот на инверторите и замената на нееколошките традиционални системи за греење, односно дрвата кои треба да се исклучат од семејствата, а за сметка на тоа да добијат целосно субвенционирање на инвертор клими кои ќе го намалат загадувањето и ќе го подобрат амбиенталниот воздух во државата, изјави Ковачески по денешната средба во Министерството за економија со ресорниот министер Крешник Бектеши на која се разговараше за тековните проекти во енергетиката.

Ковачевски посочи дека се додека не го добијат заклучокот од Владата не можат да дадат попрецизни информации, но додаде дека како компанија можат за таа намена да одвојат три до четири милиони евра.

Мерката, како што информира министерот Бектеши, ќе почне да се спроведува како пилот проект во четири града и тоа Битола и Кичево како градови во кои има термоелектрани, Скопје како главен град и Тетово како еден од најзагадените во земјава.

-Во зависнос од  интересот и ефектот на оваа мерка за наредната година ќе предвидиме и дополнителни средства кои ќе бидат проширени и на останатите градови, потенцира Ковачески.

Back To Top