skip to Main Content

„Епл“ се откажува од процесорите на „Интел“ за своите компјутери

„Епл“ се откажува од процесорите на „Интел“ за своите компјутери
  • 04.04.2018

„Епл“ веќе подолго време произведува сопствени процесори. Засега, тие се користат како поддршка за чиповите на „Интел“ во компјутерите на „Епл“ и како основни процесори во уредите со ајОС (ајФон, ајПад…). Според информации на „Блумберг“, сепак, во 2020 година, дури и „Mек“ компјутерите нема да користат „Интел“, а „Епл“ ќе почне да поставува сопствени чипови.

 

Процесот за менување на „Интел“ процесорите од „Мек“ компјутерите ќе биде бавен и се уште е во почетна фаза. Сепак, ова изгледа како логично решение, со оглед на безбедноста во архитектурата на чиповите на „Интел“.

 

Покрај тоа, промената на платформата за ИТ гигантот не е нешто ново. Во раните 90-ти години на минатиот век, „Епл“ „минува“ на „ПаурПиСи“, а околу 2005 започна со користење на „Интел“ процесори.

 

Засега „Епл“ се воздржува од коментирање на оваа тема.

Back To Top