skip to Main Content

ЕЛЕМ бара намалување на цената на струјата

ЕЛЕМ бара намалување на цената на струјата
  • 22.05.2018

Елем побарала од Регулаторната комисија намалување на производствената цена на струјата за 1,5% или за о,6 евра. Компанијата постигнала позитивни финансиски резултати, ги намалила трошоците, оптимално ги користи производствените капацитети и го продава вишокот електрична енергија, изјавил генералниот директор на државните електрани Драган Миновски.

За поевтинувањето на струјата за граѓаните се чека одлуката на РКЕ.

-АД ЕЛЕМ во барањето за определување на максималниот регулиран приход за 2018 година од Регулаторната комисија  бара намалување на цената за АД ЕЛЕМ за 1,5 проценти. Ова е добра вест и се надевам дека и другите енергетски компании ќе не следат и ќе има на крај позитивен ефект врз сите граѓани на РМ, изјави  Миновски.

По честите дефекти и испади на термоблоковите во изминатиот период и проблемите во најголемиот производител на струја во државата, од РЕК Битола најавуваат инвестиција од 10 милиони евра за ремонт на сите три блока, кои ќе завршат пред следната грејна сезона.

-Во изминатите неколку години од претходното на РЕК Битола, не беа завршени ремонтните активности. Затоа оваа година почнавме капитален ремонт на блок 1 и ремонтни активности на блок 2 и блок 3. Сакаме да бидеме комплетно подготвени и сите три блока да бидат во функција на почетокот на месец октомври и да се истера грејната сезона онака како што треба да биде, стабилна, изјави Васко Ковачевски, диркетор на РЕК Битола.

Од компанијата најавуваат модернизација на РЕК Осломеј, инвестиции во обновливи извори на електрична енергија, реализација на предвидените проекти Чебрен и Галиште, што ќе овозможи поголемо производство  на електрична енергија и стабилен енергетски систем.

Back To Top