skip to Main Content

Економски извештај: Индија ќе биде пред САД, Кина на првото место

Економски извештај: Индија ќе биде пред САД, Кина на првото место
  • 12.01.2019

До 2030 година, седум од десетте најголеми светски економски сили ќе бидат пазари во развој, според извештај на лондонската мултинационална банкарска и финансиска фирма Standard Chartered.

Според долгорочните проекции, Индија веројатно ќе стане поголема сила од САД, додека Кина, според извештајот, ќе ја „украде круната” од најмоќната светска економска сила до 2020 година, а тоа е САД. Во исто време, Индонезија би можела да влезе во првите пет економии.

Во извештајот исто така се вели дека „стареењето” на населението ќе има значително влијание врз глобалниот раст, но дека Индија, моментално шеста по големина во светот, нема да има големо влијание, бидејќи е земја со најмногу млади лица. Речиси половина од индиското население е под 25 години.

Standard Chartered истакнува дека Индија ќе мора да отвори околу 100 милиони нови работни места во производствениот и услужниот сектор за да ги задоволи потребите за барање работа.

Back To Top