skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Жрепка за редоследот на претседателските кандидати на гласачкото ливче
Власта и опозицијата со стари позиции во нов обид да се усогласат за СЈО
Втора средба на Заедничкиот комитет на експерти од Северна Македонија и Грција
Нови рочишта за „Монструм“, „Тарифа“ и „Триста“
МИМ ќе ја додели наградата „Никола Младенов“ за најдобра истражувачка сторија
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ

Државниот инспекторат за труд ги засили контролите за исплатата на К-15

Државниот инспекторат за труд ги засили контролите за исплатата на К-15
  • 09.01.2019

Државниот инспекторат за труд прави засилени контроли во приватните фирми за исплата на К-15 на вработените. Надзорот, што почна од почетокот на годината, соопшти денеска Министерството за труд и социјална политика, ќе се спроведува до крајот на февруари, а инспекторите ги посетуваат правните субјекти од сите дејности, вклучувајчи ги и фабриките за производтсво на текстил и чевли.

Засилениот инспекциски надзор во областа на производство на  текстил и чевли е од причини што најголем број преставки  во изминатите години беа од работниците во наведените дејности, се појаснува во соопштението и се напоменува дека во случаите каде ќе се утврди дека не е постапено согласно Законот и Колективните договори, Државниот инспекторат за труд ќе преземе мерки согласно со Закон.

Од МТСП ги повикуваат работниците неисплатата на К-15 да ја пријавуваат на дежурниот телефонски број на Државниот инспекторат за труд 15 131.

Државниот инспекторат за труд е орган кој е надлежен да врши инспекциски надзор над примената на правата и обврските на работниците и работодавачите утврдени со Закон и со Колективен договор. Во таа насока, при инспекцискиот надзор,  ќе се проверува  исплатата на регресот за годишен одмор (К-15), право коешто е утврдено со Спогодба за изменување и дополнување на Општиот колективен договор  за приватниот сектор  од областа на стопанството. Во Спогодбата, се подвлекува во соопштението од МТСП, е утврдено дека работникот има право на регрес за годишен одмор во висина од најмалку 40% од основицата, под услов работникот да работел најмалку 6 месеци во календарската година кај ист работодавач.

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top