skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Османи оптимист дека многу бргу ќе се најде решение за законот за ЈО
Заев: Секој предлог за законот за јавно обвинителство е вреден за внимание
ВМРО-ДПМНЕ достави предлог за законот за ЈО

Димковски на почетокот на Тиквешкиот гроздобер: Секогаш сме тука за лозарите

Димковски на почетокот на Тиквешкиот гроздобер: Секогаш сме тука за лозарите
  • 08.09.2019

Секогаш сме тука за лозарите, истакна денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски, кој присуствуваше на манифестацијата „Тиквешки гроздобер” во Кавадарци.

– Посакувам добра берба и добар квалитет на грозјето, а од него да се направат добри производи од грозје, нагласи министерот, осврнувајќи се на дел од Законот за винарство, кој веќе е во Собрание, со што ќе се дадат можности лозарите во свои винарии, во домашни услови да произведуваат вино и ракија.

Веќе, посочи, се олеснети околностите околу акцизите кои беа пред два три месеци, Законот помина во Собрание.

– И други програми, пред се програмата за рурален развој со која директно помагаме и ИПАРД програмата преку која лозарите можат да користат европски пари, се со цел развој на лозарството. Само со инвестиции, со една добра организација, може да очекуваме подобри денови во лозарството и за лозарите, нагласи министерот, честитајќи го празникот и гроздоберот.

Задоволство од соработката изрази и кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.

– „Тиквешки  гроздобер” е манифестација која заслужува внимание, како една од најстарите во државата, рече градоначалникот Јанчев и посака бериќет и успех за сите.

Back To Top