skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Алтернатива е новото име на партијата на Африм Гаши – Беса останува на Касами
Могерини: ЕУ ќе го поздрави историскиот успех на Скопје и Атина
Бугарија в среда ќе го ратификува Протоколот за НАТО
Северна Македонија денеска на агендата на министрите за надворешни на ЕУ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ

Дескоска: Ги намаливме извршителските, нотарските и судските трошоци

Дескоска: Ги намаливме извршителските, нотарските и судските трошоци
  • 09.02.2019

Министерката Рената Дескоска на трибината „Силна економија – шанса за сите“ во Штип, правејќи ретроспектива на реформите кои се направија за седум месеци додека е на функцијата прв човек на Министерството за правда истакна дека е направен голем напредок, во заштита на социјално ранливите граѓани но и во други сегменти со кои создаваме правично општество. Овој напредок ќе финишира во јуни кога треба да се усогласи нашата законска регулатива со критериумите кои се бараат за членството во НАТО и преговорите со Европската Унија.

„Ја усогласивме законската рамка и не отстапивме од она што беше во нашата програма, за дополнителна заштита на социјално ранливите групи граѓани и заштита на некои други групи, да не им се блокираат сметките.

Направивме листа и соодветен систем во кои лицата кои примаат помош не смеат да бидат блокирани за неплаќање на комуналните сметки и тука се ограничени трошоците за извршителите да не е поголем од 20 проценти.

Излезе новиот Тарифник, каде 16 ставки кои порано се плаќаа сега веќе немаат право извршителите да ги наплатуваат. Голем дел од другите трошоци се намалени за 50 проценти некои дури и повеќе, поради тоа што сметавме дека беа нереални приходите кои што ги добиваат извршителите“, рече Дескоска пред насобраните граѓани кои присуствуваат и учествуваат на дебатата.

Дескоска ги спомена измените и во Законот за нотаријат каде што се предвидува граѓаните да не треба да плаќаат судска такса за издавање на нотарски платен налог за комуналните трошоци. Дескоска потенцира дека нема повеќе да се плаќаат дополнителни трошоци, што се направи со исклучувањето на судските такси, со цел да се подобрат условите за живот на граѓаните.

Министерката  заедно со министерката за труд и социјална политика Мила Царовска денеска учествува на трибината „Фер општество – шанса за сите“, заедно со граѓани и граѓански здруженија. Се дискутира за придобивките на граѓаните од реформите, со кои се создава фер општество, се намалуваат разликите по било која основа и се повеќе пари завршуваат назад, кај граѓаните.

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top