skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Денеска во 18 часот седница на ЦО на СДСМ за кадровските промени
Последен ден од изборите во ЕУ, првичните резултати пред полноќ
Од среда започнува пријавувањето за социјална помош во центрите
Торонто влезе во големото НБА финале
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Грчкиот Парламент расправа за владиниот пакет позитивни мерки

Грчкиот Парламент расправа за владиниот пакет позитивни мерки
  • 14.05.2019

Регулирање на долговите преку 120 рати, намалување на ДДВ од 24 на 13 отсто и 13-та пензија за пензионерите, се дел од предлог законот за кој денеска расправа грчкиот Парламент.

Предвидено е пратениците утре да гласаат за пакетот позитивни мерки што на вонредна прес конференција минатата седмица ги соопшти грчкиот премиер Алексис Ципрас.

Со оглед на тоа дека од владините мерки за намалување на ДДВ беа исклучени кафето и соковите, опозициската Нова демократија денеска достави амандман со кој бара намелениот данок да се однесува на сите производи во угостителските услуги.

Пратеникот од Нова демократија, Јанис Вруцис, кој го достави амандманот во име на партијата, рече дека ДДВ-то треба да се врати на истото ниво како и во 2014 година, кога тие беа на власт, и ја повика владејачката СИРИЗА да гласа за нивниот предлог, а не за оној на Владата кој „не вклучува најмалку 55 проценти од производите во угостителството“.

Ципрас минатата седмица соопшти дека се намалува ДДВ-то од 24 на 13 отсто за угостителските услуги и за прехранбените производи во супермаркетите, намалување на ДДВ-то од 13 на шест проценти за струјата и природниот гас и воведување на 13-та пензија за пензионерите.

Според грчките медиуми, откако пакетот позитивни мерки ќе добие зелено светло во грчкиот Парламент, во сила ќе стапи следниот понеделник на 20 мај.

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top