skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Судењето за „27 април“ одложено за 31 јануари, Русковска информира дека во обвинението нема суштински измени
Сослушано обезбедувањето, блиски роднини на Груевски нема да сведочат
Нови рочишта за „Топлик“ и за убиството на Саздовски
Отровен воздух и привремени мерки: бесплатен превоз во ЈСП, за два дена продолжен зимски распуст и два дена скијање во Маврово за децата
Во Грција почнуваат парламентарните процедури за ратификација на Договорот од Преспа
Нимиц ја повика Грција да го ратификува Преспанскиот договор
Делегација на Собранието на зимската сесија на ПССЕ во Стразбур
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ

Групацијата на пазари бара да се одложи или укине Законот за трговија на зелени пазари

Групацијата на пазари бара да се одложи или укине Законот за трговија на зелени пазари
  • 10.01.2019

Групацијата на пазари при Стопанската комора на Македонија смета дека е потребно да се одложи или целосно да се укине Законот за трговија на зелени пазари врз работата на организаторите на пазарите кој е во примена од почетокот на годинава.

Групацијата на пазари каде членуваат организаторите на зелени пазари на завчерашниот состанок оценила дека примената на Законот за трговија на зелени пазари ја загрозува дејноста и го доведува во прашање опстојувањето на зелените пазари. – Заеднички беше оценето дека е потребно итно негово укинување или одложување на неговата примена до донесување на законски прифатливи решенија во консултации со сите засегнати страни, рече Даниела Михајловска Василевска од Стопанската комора на Македонија.

Организаторите на пазари, членки на Стопанската комора на Македонија, се договориле дека нема да склучуваат нови договори за закуп се додека не се изнајде решение за проблемот со кој се соочуваат.

Михајловска Василевска најави дека ќе бидат достават дописи до сите надлежни институции, премиерот Зоран Заев, вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, министерот за економија Крешник Бектеши, до инспекциските служби надлежни за контрола и координација на законските решенија кои ја третиотраат трговијата на зелени пазари.

Михајловска Василевска соопшти дека денеска имале средба во Парламентот со Комисијата за економски прашања и со координаторите на пратеничките групи на СДСМ и на ДУИ. Потсети дека ова законско решение што сега е во сила е донесено на иницијатива на неколку пратеници во јанаури лани и изгласано во Собранието по скратена постапка. Посочи дека укажале на состојбите со кои се соочуваат организаторите на пазари и на последиците кои можат да се случат, дека ќе се намали работата на самите зелени пазари. Дополнително, како што рече, товар за закупците на тезги ќе претставуваат и трошоците кои се најавуваат по однос на лиценцирање на закупците на тезги.

Се проценува дека трошокот на околу 20. илјади закупци на тезги за добивање лиценци ќе изнесува повеќе од 1,5 милиони евра.

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top