skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Германски печат: ЕУ земјите подготвени да ја прифатат само Северна Македонија
Расмусен: Земјите од ЕУ не можат да ѝ ја негираат на Македонија иднината што ја бара
Шекеринска: Земјава за една година направи скок од 23 места во однос на стабилноста
Новата амбасадорка на САД во земјава положи свечена заклетва
Сведок од УБК: До системот за прислушување се пристапуваше и надвор од МВР, од поранешниот Аеро клуб
Министерството за правда ги објави извештаите од надзорот во судовите за АКМИС системот
ОН: Светот до 2050 година ќе брои 9,7 милијарди луѓе
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Вработувањата во Царината поради зголемен обем на работа, тврдат Танасовски и Заев

Вработувањата во Царината поради зголемен обем на работа, тврдат Танасовски и Заев
  • 10.01.2019

Огласените нови вработувања во Царинската управа на Македонија се поради зголемен обем на работа. Тоа е нормален процес кој треба да ги зајакне капацитетите во работењето согласно со новите надлежности и претстојните преговори со Европската унија, оценија денеска директорот на Царинската управа Ѓоко Танасовски и премиерот Зоран Заев.

– Вработувањата призлегоа уште минатата година, кога исто така имавме оглас за вработување на неопределено време. Поради зголемен обем на работа и редица претстојни активности кои претстојат пред Царинската управа се покажа потреба за зголемување на капацитетите на управата. наназад од 2015 година  не е извршено никакво вработување во Царинската управа  што само по себе побарува таа да има соодветни капацитети за новите надлежности во работењето, а ни претстојат и преговори со Европската унија, изјави Танасосоки, одговарајќи на новинарски прашања по доделувањето на одобрението на првиот овластен економски оператор во Македонија.

Царинската управа сега има 1076 вработени и како што рече Танасоски  тој број изнесувал 1132 во 2015 година, од кога немало вработувања. Објавен е само еден оглас за советник на директорот, а другите се согласно систематизацијата.

Во коментар на новите вработувања и Заев, укажува исто така дека станува збор за зголемен обем на работа  согласно активностите од Берлинскиот процес.

– Со тековниот оглас не се пополнуваат сите  слободни позиции, туку само неопходните за поради новиот обем на работа и технички аспекти на работењето на Царината. Така е и во останатите институции. Остануваме на трендот на неопходна јавна администрација, рече Заев.

Тој повтори дека вишокот вработени со реформите на администрацијата ќе биде прифатен од приватниот сектор со поддршка на Владата. Процесот треба да почне допрва  и се надевам дека ќе направиме рационализација на администрацијата без некој да изгуби работа, рече Заев.

Back To Top