skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Продолжува судењето за „Титаник“ на СЈО
Кандидатите за технички експерти на интервју во собраниската комисија за надзор на следењето комуникации
Димитров во Грац на дебата за Преспанскиот договор и евроинтергацијата
Павлопулос: Грција ја поддржува европерспективата на Северна Македонија, но потребно е да се исполнат предусловите
Неофит: Ќе направиме се за целосна радост на нашите македонски браќа
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ

Вработените од ОХИС протестираа за неисплатените 24 плати

Вработените од ОХИС протестираа за неисплатените 24 плати
  • 16.10.2018

Вработените во ОХИС протестираа пред владата за неисплатените 24 плати и придонеси за 16 месеци. Фабриката пред околу месец и половина беше продадена на фирмата Хемиски инженеринг за сума од 7,1 милион евра без имотот кој претходно бил отуѓен во управни постапки. Според проценките на вработените, потребни се околу 6 милиони евра само за да се исплатат вработените, а тие стравуваат дека нема да добијат ниту 10 проценти од сумата која им ја должат бидејќи последни ќе бидат исплатени. Денеска остварија средба во владата, но од таму излегоа разочарани и најавија поголем протест идниот вторник.

„Многу сме разочарани, како може Владата да не знае дека ОХИС е продадена. Ништо не ни кажаа, изјави Здравко Боневски, претседател на синдикатот во ОХИС.

Најголемиот проблем, освен обврските кон останатите доверители, претставува одредбата во договорот со која се наметнува обврска фабриката да се исчисти од отрови од парите остварени од продажбата.

„Работниците се вознемирени бидејќи фабриката треба да се чисти од отрови на товар на продажбата“ рече секретарот на гранскиот синдикат СИЕР, Маре Анчева.

1ТВ се обиде да го добие стечајниот управник, но тој не одговори на нашите телефонски повици. Прашавме и во министерството за економија зошто прифатиле таква одредба во договорот за опродажба и дали сумата за која е продадена фабриката е доволна за да се обесштетат вработените. Од надлежното министерство не информираа дека одговорите ќе ги добиеме во текот на утрешниот ден.

Кристина Атовска

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top