skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Заев-Тевдовски: Специјалистите со плата од 90.000 денари, за 300% зголемување на социјалната помош
Мијалков не знае каде е Груевски
Грчките медиуми јавуваат за потерницата по Груевски
Продолжува судењето за случувањата во Собранието на 27 април
Нови рочишта за „Титаник 2“, „Титаник 3“ и „Тарифа“
Славчо Попоски: Подгответе се за студен бран и температури до -10°C
1ТВ достапна на Тотал ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK

Вработените во „Еурокомпозит“ се согласуваат за стечај на фабриката

Вработените во „Еурокомпозит“ се согласуваат за стечај на фабриката
  • 11.07.2018

Вработените во „Еурокомпозит“ се согласуваат со понудата компанијата да отиде во стечај и сметаат дека тоа е единственото решение како во случајот со „Фени“.

– Ваква понуда ние имавме при разговорите со премиерот Зоран Заев и со потпретседателот на Владата Кочо Анѓушев и сметаме дека е единственото решение, изјави денеска претседателот на синдикатот на прилепски „Еурокомпозит“ Роберт Богданоски, по информацијата дека потпретседателот на Владата Анѓушев, стечајот  го предлага како можно решение за фабриката, наместо долготрајниот процес на приватизација.

-Значи, прво да се најде купувач за фабриката, па да се пушти во стечај, купувачот да ја преземе фирмата со обврските спрема вработените, да се исплатат доверителите и другите трошоци, вели Богданоски.

Вработените очекуваат до петок да ги земат тие 30.000 денари како две плати кои се одобрени преку позајмица.

– Што се однесува до пакетот за технолошки вишок, направени се списоците за 120 вработени и се испратени до Владата, рече Богданоски.

 

Долговите на Фабриката се околу5 милиона евра. неисплатени се 18 плати и придонеси од 2012 година. Од понеделникот тече работниот проецес во „Еурокомпозит“.

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top