skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Раскинувањето на Договорот за Казандол законито пресуди Управниот суд
На хирургија во Струга заболени девет здравствени работници од морбили
Прво писмо на Асанж по апсењето: Обиколен сум со убијци, не ми даваат да се бранам
Утре на Бихаќка и дебата за промена на кадри во извршната власт
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Во „Еурокомпозит“ стигна списокот за технолошки вишок, но нема пари за отпремнини

Во „Еурокомпозит“ стигна списокот за технолошки вишок, но нема пари за отпремнини
  • 03.10.2018

Вработените во прилепската наменска фабрика „Еурокомпозит“ денеска се собраа и децидно побараа пари за отпремнините на 130 вработени кои ќе заминат како технолошки вишок.

Според Роберт Богданоски, претседател на синдикатот истакнат е списокот за технолошки вишок, стигнало и соопштението, но нема никаде гаранции за исплата на отпремнините, зашто фабриката нема пари, а нема гаранција ниту од владата. Вработените се ревотирани и бараат итно да се донесе и Законот за технолошки вишок.

– Постапката за технолошки вишок е при крај. Вчера ни дадоа соопштение во кое пишува под кои услови треба да заминат 130 вработени како технолошки вишок и за да влезат во законот. Условите се: да си одат веднаш, да бидат под бирото за вработување, а да не земат отпремнина. Отпремнината да остане во побарување. Во ниту еден закон не пишува дека отпремнината останува во побарување, туку пишува на самиот ден на потпишувањето на решението дека треба да се исплати отпремнина. Отпремнината е пресметана во висина од 7 просечни плати. Вработените излегоа со револт и да продолжиме да бараме некој да го реши проблемот – дали директорот или владата. Да дадат и цврска гаранција дека тие ќе влезат во процесот и до пензионирањето да земаат надомест. А ако има предвремени избори, како што се споменува, вработените немаат надеж дека ќе се донесе законот за технолошки вишок. Затоа нашиот револт ќе треба повторно да го искажеме со протести или со активирање на штрајкот, рече Богданоски.

Пеце Велјаноски, член на синдикатот со апел до владата да се најдат пари, зашто тие еднаш направиле компромис- заостанатите придонеси  и плати, што се многу, се согласиле да бидат побарувања, ама за отпремнините кои се околу десет милиони денари е премногу да се стават во побарувања, зашто е неизвесно кога и дали ќе биде тоа во догледно време.

– Од името на сите вработени упатувам апел до владата да направи уште еден напор за да се обезбедат парите за отпремнините. Ние направивме отстапки, нашите побарувања од заостанатите плати и придонеси да влезат како идни побарувања, а и отпремнините да станат побарувања е премногу. Станува збор за 10-ина милиони денари за отпремнините и што може побрзо да се донесе Законот за технолошки вишок да не фатат предвремени избори. Така да се ослободи фирмата, да почне рентабилно да работи и да може да се продаде на инвеститор, изјави Велјаноски.

Работниците минатата недела зедоа плата, имаат работа, ама не се откажуваат од барањето на отпреминините за 130-те технолошки вишок. Според вработените, ако нема отпремнини сите ќе останат во фабриката.

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top