skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
ДКСК: Заев не може да биде премиер и министер за финансии
Заев: Го повлекувам предлогот да бидам и министер за финансии, иако уставот и законите го дозволуваат тоа
Атанасов: Сакав да бидам министер, бидејќи во образованието се прави малку
Весел Мемеди ќе поднесе оставка од функцијата потпретседател на Собранието
Шекеринска: Северна Македонија ќе учествува на сите сензитивни дискусии во НАТО
Димитров: Бугарија и Македонија ќе најдат начин низ пријателство и почит да го решат прашањето за Гоце Делчев
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Во декември лани 292 градежни дозволи, планирана изградба на 331 стан

Во декември лани 292 градежни дозволи, планирана изградба на 331 стан
  • 11.02.2019

Издадени се 292 одобренија за градење во декември лани, или 13,6 проценти повеќе во однос на декември 2017 година, објави денеска  Државниот завод за статистика.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите во декември минатата година изнесува 8.519.871.000 денари, за 392,4  проценти повeќе во однос на декември 2017 година.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 172 (58,9  проценти) се наменети за објекти од високоградба, 42 (14,4  проценти) за објекти од нискоградба и 78 (26,7  проценти) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 292 објекти, на 185 (63,4  проценти) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 107 (36,6  проценти) инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 331 стан, со вкупна корисна површина од 37.669  метри квадратни. Најмногу станови, 161 ќе се градат во Југозападниот регион,  од кои во Струга 98 и во Охрид 58. Во Полошкиот ќе се градат 51 стан, во Југоисточниот 43,  во Скопскиот 38.

Back To Top