ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Зоран Заев се катастрофа за земјоделството

СДСМ со праќање на вакви празни соопштенија само продолжува да ја потценува маката и трудот на земјоделците.
СДСМ и Зоран Заев се вистинска катастрофа во земјоделието.
Скоро три години им требаше на СДСМ за да исплатат субвенција од 3 денари за килограм предадени јаболка.
Колку години ќе им треба на СДСМ и Зоран Заев за да разберат дека треба да ги решаваат проблемите на земјоделците, а не да се фалат со ваква популистичка работа?
За тоа колку е катастрофа во земјоделието говори и фактот дека земјоделците се соочуваат со ниски откупни цени, влошен пласман, намалени субвенции и тотална негрижа.
Власта на СДСМ е научена само да ги потценува и омаловажува граѓаните.
СДСМ најдобро што може да сработи е да спроведат некој криминален тендер со милионски суми на провизии, рекетирање на бизнисмени, закани и уцени.
Затоа потребно е оваа криминална банда веднаш да си замине. За доброто на граѓаните и државата потребно е итно распуштање на парламентот и распишување на предвремени парламентарни избори.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.