skip to Main Content

Владина делегација на Светскиот инвестициски форум во Женева

Владина делегација на Светскиот инвестициски форум во Женева
  • 22.10.2018

Владина делегација предводена од вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев од денеска до среда ќе присуствува на Светскиот инвестициски форум што ќе се одржува во седиштето на Организацијата на Обединетите нации во Женева.

Во состав на владината делегација се и министерот за здравство Венко Филипче и советникот на претседателот на Владата Ванчо Узунов.

Вицепремиерот Анѓушев во текот на утрешниот ден ќе учествува на панелот „Инвестициите во новата ера на глобализација“, на кој ќе се обратат претседатели на држави и премиери од повеќе земји во светот, како и извршни директори на реномирани глобални компании. Вицепремиерот Анѓушев ќе учествува и на работниот ручек на Советодавното тело за инвестиции со другите светски лидери.

Министерот Филипче утре во попладневните часови ќе учествува на панелот „Поттикнување на инвестиции за развивање  на нов антибактериски третман“, којшто се организира во рамки на форумот.

Во попладневните часови македонската делегација ќе учествува и на други настани организирани во рамки на Светскиот инвестициски форум.

Back To Top