skip to Main Content

Владата ќе ја разгледа одлуката за закуп во Бунарџик за компанијата „Баумер“

Владата ќе ја разгледа одлуката за закуп во Бунарџик за компанијата „Баумер“
  • 03.04.2018

Владата на Република Македонија денеска ќе ја разгледа Нацрт-одлуката за одобрување на периодот за закуп на градежно земјиште во ТИРЗ Скопје 1 и за висината на закупнината за „Баумер ДООЕЛ Скопје“, чија матична компанија е „Баумер Холдинг АГ“ од Швајцарија.

На денешната 62. владина седница, чиј почеток е закажан во 12 часот, е и информацијата во врска со донесувањето на Национална стратегија за мали и средни претпријатија (2018-2023) со Предлог-стратегија и Акциски план.

Back To Top