skip to Main Content

Високите откупни цени на „ајварката“ ја креваат производствената цена

Високите откупни цени на „ајварката“ ја креваат производствената цена
  • 29.10.2019

Продолжува побарувачката и на крајот од сезоната за црвената пиперка „ајварка“ во Струмичко, која се откупува од 18 до 30 денари за килограм во зависност од квалитетот.

-Преработувачите плаќаат од 18 денари за трета категорија пиперка до 30-32 денара за прва класа исчистена во гајби. Иако бербата на „ајварката“ е пред крај и ја има само под пластеници, сепак мора да се каже дека од овие откупни цени сме задоволни, вели Коце Божиков, земјоделец од село Дабиле.

Преработувачите потврдуваат дека и на крајот на сезоната „ајварката“ се откупува по повисока цена, која ја зголемувата и цената на нивното производство.

-Добро е што имавме убави временски услови и заради тоа имаше постојан откуп на оваа пиперка. Нашата компанија откупува исклучиво прва класа, бидејќи ја обработуваме во филети. Откупните цени се повисоки и затоа се одразува на прозводствените цени. Ги информираме нашите деловни партнери од странство дека цените се покачени заради повисоките откупни цени на суровините, информира Киро Јовов, сопственик на „Агро-комерц 92“ од Струмица.

Годинава во Струмичко од отворено и под пластеници се набрани 50 илјади тони пиперка „ајварка“, што во споредба со минатите години е помалку за 10 илјади тони.

Back To Top